Смртоносен напад во Пакистан

Најмалку шест лица се убиени и десетина се повредени по експлозија на бомба во југозападен Пакистан. Пакистанските медиуми дека целта на нападот бил конвој на граничните трупи во Куета, главниот град на провинцијата Балочистан. Безбедносните сили ја затворија областа, а повредените се однесени во блиската болница. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.