Севена Кореја лансира ракета сателит

Северна Кореја донесе временска рамка за контроверзно лансирање на ракета сателит, се вели во извештаите во Јапонија и во Јужна Кореја. Пјонгјанг на 2 февруари ги извести агенциите на ОН, дека планира да лансира „набљудувачки сателит на Земјата“ меѓу 8 и 25 февруари. Но, извештаите во Јапонија и во Јужна Кореја велат дека лансирањето ќе се случи меѓу 7 и 14 февруари. Северна Кореја привлече меѓународна осуда за својот план. Во критиките за лансирањето се вели дека земјата со тоа може да ги унапреди и развие ракетите на долг дострел способни да носат никлеарни боеви глави. САД соопшти дека потегот го поддржува аргументот дека ОН треба да воведат построги санкции против Северна Кореја.