Италија заплени 600 килограми албанска марихуана

Илустрација.

Припадниците на италијанската полиција при воздушна контрола откриле големо количество марихуана, која доаѓала од Албанија. Во чамецот, во кој имало 600 килограми марихуана биле две лица, но кога виделе дека се забележани од полицијата ја исфрлиле дрогата во морските води и со чамецот кој бил со два силни мотора се вратиле назад во правец на Албанија. Вреќите со мархуана полицијата ги „собрала“ на околу 100 километри од пристанишниот град Бари. Во потрагата по албанските шверцери освен италијанската полиција, биле вклучени и поморски сили на Црна Гора и на Албанија, но потрагата по нив била неуспешна.