Пакистан бара патоказ за авганистанскиот мировен процес

Пакистан соопшти дека сака „вистински патоказ„ за мировниот процес меѓу Талибанците и авганистанската Влада. „За нас е важен јасен, добро дефиниран вистински патоказ за мировниот процес меѓу групата на Талибанците и авганистанската Влада“, изјави советникот за надворешни работи на Пакистан, Сартај Азис. Неговите комантари доаѓаат откако претставницуте на Авганистан, Пакистан, САД и Кина денеска се сретнаа во Исламабад за да се постават темелите за разговори меѓу Кабул и милитантната група. Азис рече дека заедничките напори на квартетот ќе помогнат да се убедат Талибанците да се приклучат на процесот да се доведе до значително намалување на насилството.