Силен земјотрес во Тајван

Силен земјотрес во Тајван собори 17-катна зграда која била полна со луѓе собрани да ја прослават лунарната Нова Година, при што загинале најмалку пет лица, а 35 се заробени внатре. Земјотресот со јачина од 6.4 степени според Рихтеровата скала, се случил во текот на ноќта и како и со појавата на денот штетите се откриваа во јужниот град Таинан, каде 318 луѓе се хоспитализирани. Совборен е цел станбен комплекс со речиси 100 станови, а 10 годишно девојче и 40 годишен маж се извлечени мртви од рушевините, соопштија властите. на други места, жеена загинала откако била погодена со резервоар за вода, а спасувачите ослободиле повеќе од 200 луѓе од станбената зграда Веи Гуан, а повеќе од 40 се хоспитализирани.