Полициска рација во руската државна новинска агенција ТАСС

Безбедносните служби денеска вршат рација во канцелариите на руската државна новинска агенција ТАСС во Москва. Портпаролот на ТАСС Дмитри Перцев денеска рече дека претресите од полицијата се поврзани со претходни професионални активности на еден од вработените, чие име не го соопшти. Друга претставничка на ТАСС, пак, Наталија Акафјева рече дека претресите немаат врска со работата на агенцијата.

Во исто време полицијата врши рација во просториите на комуникациската агенција „Михаилов и партнерите“ во Москва, информираат тамошни вработени. Оваа приватна компанија е основана од поранешниот директор на ТАСС Сергеј Михаилов во 2012 година.

Од 2004 до 2006 година Михаилов му беше советник на тогашниот директор на Руските железници Владимир Јакунин, кој долго време му беше близок соработник и бизнис партнер на претседателот Владимир Путин. Се верува дека тој работел како агент на КГБ во време на Советскиот Сојуз. На оставката на Јакунин од директорката позиција во Руските железници во август минатата година се гледаше како на можен конфликт со Кремљ.