Турција: Не планираме воен напад врз Сирија

Турција не планира воен напад врз Сирија и „приказните на Русија“ за такви акции се пропаганда, изјави денеска висок официјален претставник на турската Влада. Тој нагласи дека Русија постојано ја зајакнува својата воена кампања во Сирија, наместо да работи на решавање.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков вчера изјави дека Русија има сериозни причини да се сомнева дека Турција подготвува воена офанзива во Сирија. Тој наведе дека руското Министерство за одбрана претходно доставило видео-снимки до меѓународната заедница, на кои се гледа дека турски оклопни возила пукаат врз сириски населени места во околината на пристанишниот град Латакија.