Саудиска Арабија размислува за копнени сили во Сирија

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека владата на Саудиска Арабија изразила намера да преземе дополнителни напори во борбата против милитантите на Исламската држава. Тој ова го изјави неколку часа откако саудиското министерство за одбрана соопшти дека Саудиска Арабија е подготвена да испрати копнени сили во Сирија и оти за тоа ќе се разговарало на состанокот предвиден за овој месец во Брисел.