Давутоглу: Тие што му помагаат на Асад вршат воени злосторства

Тие што му помагаат на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад извршуваат воени злосторства, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу. На прес-конференција на маргините на донаторската конференција посветена на Сирија, што се одржува во Лондон, Давутоглу ги повика САД да заземат одлучен став против Русија поради нејзината интервенција во Сирија.