Од утре 25 словачки полицајци на македонско-грчката граница

На барање на македонскиот министер за внатрешни работи утре во земјава ќе пристигнат 25 словачки полицајци кои ќе спроведуваат заеднички патроли со македонските колеги на македонско-грчката граница, информира Словачката амбасада во Скопје. Словачките полицајци ќе помагаат во заштита на границата, борба против криумчарењето и помош во управувањето на миграциските текови. Словачките полицајци ќе бидат опремени со осум теренски возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување, соопшти Словачката амбасада во Скопје.