Иран е за соработка со Русија во енергетскиот сектор

Али Акбар Велајати

Главниот советник на иранскиот врховен верски лидер Ајатолах Али Хаменеи, Али Акбар Велајати побара потесна соработка со Русија во енергетскиот сектор. „Иран и Русија не би требало да бидат ривали, туку мора да соработуваат. Таа соработка треба да биде заедно и со Ирак и со Венецуела“, рече тој за време на неговата посета на Москва. Русија повика на поголема соработка во рамките на ОПЕК, каде што Иран е најголем произведувач на нафта, главно околу цените кои деновиве паднаа за 75 насто во однос на оние од пред две години.