Укината смртната казна за 149 исламисти во Египет

Судот во Египет ги укина смртните казни за 149 исламисти осудени за убиство на 11 полицајци во август 2013 година откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси. За нив ќе има повторно судење пред друг суд. Тие беа осудени во мај минатата година, откако владата ги задуши протестите на Муслиманското братство на соборениот Морси. Тогаш имаше серија масовни судења во кои беа изрекувани смртни пресуди, што наиде на големи меѓународни осуди. Покрај овие, уште 37 луѓе се осудени на смрт во отсуство. Тие сега треба да се предадат за повторното судење.