Привремено прекинат сообраќајот кон Грција

Поради штрајк на грчките земјоделци времено е во прекин сообраќајот за влез и излез од Македонија кон Грција на граничните премини Меџитлија, Стар Дојран и Богородица.

Авто-мото сојузот на Македонија информира дека граничниот премин Меџитлија е затворен од 11 до 13 часот и попладне од 17 до 20 часот. На граничниот премин Стар Дојран блокадата е од 11 до 14 часот, а на Евзони од 11 до 13 часот.