УНИЦЕФ: над третина од мигрантите се деца

Повеќе од една третина од оние што се обидуваат од Турција да стигнат до некој грчки остров се деца, соопшти УНИЦЕФ. Во извештајот се наведува дека за прв пат од почетокот на мигрантската криза во Европа, имало повеќе жени и деца кои ја минуваат границата меѓу Грција и Македонија, отколку возрасни мажи. Станува збор за значајна промена од јуни лани, кога 73 насто од мигрантите беа мажи, а само 10 насто од нив под 18 години.