Италијанска фирма го доби тендерот за браната Мосул

Ирачката влада денеска соопшти дека италијанската компанија Треви го добила тендерот за поправка и одржување на браната Мосул на северот на земјава, која е во опасност од уривање што би можело да ги опустоши областите јужно од неа. Најголемата брана во Ирак, на реката Еуфрат, е долга три километри. Браната е изградена на нестабилно подрачје кое постојано еродира. Застојот во одржувањето, откако милитатнтите на Исламската држава во 2014 година ја презедоа контролата контролата врз браната, дополнително ја влоши и онака лошата состојба.