Груевски: СДСМ свесно ја кочеше методологијата за избирачкиот список

Архивска фотографија

СДСМ свесно го одолговлекуваше давањето на поддршката на методологијата за прочистување на списоците со цел да го намали периодот во којшто ќе се врши проверката и прочистувањето на избирачките списоци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во врска со одлуката на СДСМ да ја потпише методологијата на ДИК за прочистување на избирачкиот список.

Тој го повтори ставот дека има доволно време да се завршат сите подготвителни работи за одржување на изборите на 24 април.