СЗО прогласи итна состојба поради вирусот зика

Маргарет Чан

Светската здравствена организација прогласи итна состојба поради ширењето на вирусот зика во Централна и Јужна Америка. Шефот на СТО Маргарет Чан оцени дека овој вирус има потенција за експлозивно ширење, особено меѓу луѓето кои не се имуни на комарците кои го шират. Заболувањето од овој вирус предизвикува ненормален развој на фетусите кај бремените жени. Од октомври досега во Бразил се регистрирани над 4 илјади заболувања од вирусот зика.