Кирацовски: Владата истура пари во провладините медиуми

Архивска фотографија: Александар Кирацовски

Владата им префрлила 13 милиони евра во изминатите три години на Сител, Канал 5 и Алфа телевизија, рече денеска на прес-конференција дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски на која објави и документ за трансфер на парите. Тој рече дека Сител добила над 5 милини евра, а Канал 5 и Алфа над 4 милиони евра. За истиот период на Алсат М за реклами им се префрлени околу 200 илјади евра, а на Телма само 160 илјади евра што е 35 пати помалку во однос на парите префрлени на трите телевизии под контрола на власта, информира Кирацовски. Затоа Груевски не сака да се договори за објективни медиуми, истакна Кирацовски, кој потенцира дека без медиумска регулација, избори нема да има.