Меџитлија повторно затворена поради штрајк на грчките земјоделци

Илустрација.

Сообраќајот на граничниот премин Меџитлија/Ники и денеска ќе биде во прекин неколку часа поради штрајк на грчките земјоделци кои ќе постават механизација во близина на границата. Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот ќе биде во прекин од 11 до 13 часот и од 17 до 20 часот.