Дваесет жртви во бомбашки напад во Кабул

Најмалку 20 луѓе загинаа во силна експлозија во близина на Парламентот и на полициска станица во Кабул. Авганистанскиот заменик министер за внатрешни работи на твитер напиша дека во експлозијата, која исто така е во близина на зоолошката градина, биле ранети повеќе од 20 луѓе. Бомбашот самоубиец се разнел меѓу луѓето кои чекале ред да влезат во канцелариите на националната полиција. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Оваа експлозија е последна во серијата напади во Кабул во изминатите месеци во кои загинаа десетици луѓе.