Германскиот државен министер Рот во Македонија

Државниот министер, надлежен за Европа, во Министерството за надворешниработи на Германија, Михаел Рот денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија. „Тој ќе се информира за внатрешно политичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници на владата и опозицијата, граѓанското општество и невладини организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, Ромската популација и ЛГБТИ заедницата во Македонија“, соопшти Германската амбасада во Скопје. Предвидено е тојда учествува и на јавна дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.