Вонреден состанок за вирусот зика

Светската здравствена организација денеска во Женева ќе одржи состанок за да реши дали да прогласи меѓународна вонредна состојба во врска со вирусот зика. Бројот на заболени со овој вирус за кој постои сомневање дека предизвикува проблеми при раѓањето на децата постојано расте во Централна и Јужна Америка. СЗО предупреди дека доколку не се преземат активности тогаш со вирусот што го пренесуваат одреден вид комарци би можело да бидат заразени околу 4 милиони луѓе.