Над 53 илјади мигранти поминале низ Македонија во 2016

Низ Македонија од почетокот на годината поминале 53.434 мигранти, соопшти министерството за внатрешни работи. Од нив, 22.127 биле мажи, 11.526 жени и 19.679 деца кои биле придружувани од носителот на потврдата, како и 102 деца кои патувале без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, потоа на Авганистан и на Ирак.