Верижен судар во Словенија, 4 жртви

Словенечката полиција соопшти дека во верижен судир на десетици автомобили поради густата магла загинале најмалку 4 лица, а 25 биле повредени во западниот дел на земјата. Сударот се случил на главниот автопат кој ја поврзува Љубљана со јадранскиот брег. Најмалку 55 автомобили, како и автобус и четири камиони, според полицијата, се судриле на 70 километри од Љубљана. Автопатот бил затворен за сообраќај неколку часа додека спасувачките екипи се обидувале да им помогнат на повредените.