САД со провокација до Кина

Америкаски воен брод пловел блиску до спорен остров во јужното кинеско море со цел да се спротистави на тврдењето на Кина дека областа е дел од нејзините територијални води. Бродот поминал на оддалеченост од 12 наутички милији до островот Тритон. Кинеските власти соопштија дека американскиот брод ги нарушил законите на земјата со тоа што пловел во водите без одобрение. Американското министерство за одбрана соопшти дека немало кинески бродови во областа во тоа време.