Германски државен министер во посета на Македонија

Германската амбасада во Скопје соопшти дека државниот министер, надлежен за Европа, во германското министерството за надворешни работи Михаел Рот на 1 и 2 февруари ќе ја посети Македонија. Според амбасадата, целта на неговата посета е да се информира за внатрешно политичката состојба, како и за бегалската проблематика. Предвидени се разговори со претставници на Владата и опозицијата, граѓанското општество и невладини организации, кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, Ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија.