Франција ќе ја признае Палестина ако пропаднат преговорите

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека неговата земја ќе ја признае Палестина доколку напорите за обнувување на мировните преговори меѓу Израел и Палестина пропаднат. Франција ќе биде домаќин на меѓународната конференција која ќе се одржи на пролет со цел двете страни да седнат на маса заедно со меѓународната заедница за да се најде решение за конфликтот. Палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур ја подрави иницијативата.