Спасени четворица рудари во Кина

Четворица рудари кои поминаа 36 дена заробени во рудник во Кина биле спасени во вчерашната операција. Тие беа меѓу 29 рудари кои беа заробени во рудникот на 25 декември. 11 од рударите беа спасени ден потоа. Во меѓувреме беше пронајдено и тело на еден рудар, а 13 се уште се водат за исчезнати. Четворицата спасени рудари немале поголеми повреди и се очекува да се вратат во своите домови по краткиот престој во болница.

Спасувачките екипи ги лоцираа рударите на 30 декември и преку тунел им испраќаа храна и други производи. Инцидентот се споредува со спасувањето на 33 рудари во Чиле кои беа заробени 69 дена.