МВР - Сите разрешени началници остануваат разрешени

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Сите разрешени началници во МВР остануваат разрешени до правосилна одлука на Управниот суд, соопштува денеска МВР, откако заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков претходно соопшти дека Управниот суд вчера ги ставил вон сила, односно изрекол времена мерка сè до донесување конечна пресуда за сите 29 решенија кои ден пред Нова година ги донесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Од 29-те, пет се решенија за разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид.

МВР попладнево реагира дека решението на Управниот суд се однесува на времена мерка, според која, се задржува постојната ситуација до носење на одлуката по тужба од Управниот суд.

„Тоа значи дека сите решенија за распоредување остануваат во сила сè до донесување на правосилна одлука на Управниот суд“, се наведува во соопштението од МВР, кое најави жалба до Вишиот управен суд.