За бегалската криза во Македонија 39,4 милиони долари

Активности за чија реализација се предвидени 39,4 милиони долари се планираат за Македонија како дел од регионалиот план за шест земји чија цел е да ја ублажи кризата со бегалци и мигранти. Вклучувајќи ги и останатите пет земји покриени со планот – Турција, Грција, Србија, Хрватска и Словенија – вкупниот буџет за регионалниот план за одговор на потребите на бегалците и мигрантите изнесува 550 милиони американски долари, се вели во денешното соопштение од претставништвата на УНХЦР, ИОМ и ОН во Скопје.