Напад врз шиитска џамија во Саудиска Арабија

Илустрација.

Двајца луѓе загинале, а седуммина се ранети во напад со бомби и пиштол во шиитска џамија во градот Махасен во источниот дел на Саудиска Арабија, каде што живее голем дел од шиитската заедница во оваа мнозински сунитска земја. Саудиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека властите денеска спречиле двајца бомбаши-самоубијци да влезат во џамијата Иман Реза за време на петочната молитва.

„Кога луѓето од обезбедувањето ги запреле, едниот се разнел на влезот на џамијата, а со другиот имало престрелка. Тој бил ранет и уапсен со појасот со експлозив“, изјави портпаролот на министерството.

Шиитите во Саудиска Арабија беа цел на напад од Исламската држава. Претходно овој месец, саудиските власти егзекутираа познат шиитски свештеник од регионот со што ги зголемија тензиите.