САД не планираат воена акција во Либија

американскиот секретар за одбрана Ештон Картер

Соединетите држави внимателно ја следат ситуацијата во Либија, каде што терористичката организација Исламска држава настојува да се зацврсти, но немаат донесено одлука за воена интервенција. Ова го изјави американскиот секретар за одбрана Ештон Картер, наведувајќи дека Вашингтон пред се ќе настојува да им помогне на Либијците да ја преземат контролата врз сопствената земја. Либија е во хаос по падот на Муамер Гадафи во 2011 година. Во неа дејствуваат две спротивставени влади и два парламента. Поради таквата нестабилна ситуација во земјата почна да се шири ИД и го зазеде местото Сирт на околу 450 километри од Триполи. „Не сакаме да западнеме во ситуација како во Ирак и Сирија каде што ИД зазеде цели делови од нивната територија“, рече Картер.