Рохани - Иран е поволен терен за трговија меѓу Истокот и Западот

Иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека неговата земја е „поволен терен“ за продолжување на трговијата меѓу Истокот и Западот. Во денешното обраќање пред француските бизнисмени во Париз, тој рече дека сака да ја искористи позитивната атмосфера по постигнувањето договор за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции против неговата земја. Францускиот премиер Мануел Валс рече дека земјите треба да заборават на поранешната омраза. Француската фабрика Пежо-Цитроен најави заедничко вложување со иранскиот автопроизводител Ходро за производство на 200 илјади автомобили годишно во фабрика кај Техеран. Рохани пристигна во Франција вчера од Италија, каде што претходно беше во официјална посета. Тој е прв ирански претседател што бил во посета на Европа во последните речиси две децении.