Шведска планира да депортира околу 80 илјади бегалци

Шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Игеман денеска изјави дека Стокхолм планира да депортира околу 80 илјади бегалци кои во земјата стигнале во текот на минатата година, а чии барања за азил биле одбиени. Прецизирано е дека владата побарала од полицијата да ја организираат нивна депортација која ќе се одвива повеќе години. Според него, тоа ќе биде направено со специјални чартер летови, бидејќи станува збор за голем број луѓе.