Црногорскиот премиер Ѓукановиќ доби доверба

На премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ му беше изгласана доверба во парламентот во пресрет на приклучувањето на неговата земја во НАТО. Во парламентот со 81 пратеник, за Ѓукановиќ гласаа 42, додека 20 беа против, а 19 пратеници не беа присутни на гласањето. Ваквото изјаснување сигнализира крај на политичкиот сојуз кој егзистира уште од 1998 година меѓу Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ и помалата Социјалдемократска партија. Меѓутоа Ѓукановиќ ја доби поддршката од опозициската партија Позитивна Црна Гора. Премиерот нејзе и вети некои министерски места во владата за да работат на создавање услови за слободни и фер избори годинава.