Истрага за воени злосторства во руско-грузиската војна во 2008

Архивска фотографија: Грузиски бегалци во кампот Гори во 2008 година.

Судиите од Меѓународниот кривичен суд ги овластија обвинителите да отворат истрага за обвинувањата за воени злосторства „во и околу Јужна Осетија“ во 2008 година, кога Русија и Грузија водеа куса војна за отцепениот регион. Во денешното соопштение се наведува дека има основи да се верува дека се извршени злосторства против човештвото во конфликтот кој доведе до руско признавање на грузиските отцепени области Јужна Осетија и Абхазија. Во соопштението не се наведува дали истрагата ќе биде насочена против руските, грузиските или против силите од двете земји.