Данска дозволи конфискување пари од барателите на азил

Данскиот парламент го одобри законот со кој полицијата може да им одзема пари и вредни работи над 1500 долари од барателите на азил со цел на таков начин тие да ги покријат нивните трошоци за сместување и храна. Во минатата година Данска прими околу 20 илјади баратели на азил. Законот беше критикуван од Обединетите нации кои сметаат дека бегалците кои прават напори да стигнат во Европа би требало да се третираат со почитување на сите бегалски права.