ТИ: Македонија 66 по корупција во светот

Во најновиот извештај на Транспаренси интернешнал Македонија е рангирана на 66 место според индексот на перцепција на корупцијата меѓу 168 земји во светот. Индексот е базиран врз нивото на корупцијата во јавниот сектор. Најкорумпирани во светот се Сомалија и Данска, додека на врвот на списокот се Данска и Финска. Транспаренси интернешнал наведува дека луѓето во светот бараат од владите да бидат потранспарентни и да прават повеќе во справувањето со корупцијата која го спречува развојот на многу земји.