Затвор од 14 месеци за дадилката што малтретираше бебе

Илустрација.

Казна затвор од година и два месеца е изречена за дадилката, која беше обвинета за кривичното дело „Запуштање и малтретирање дете“ од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Одлуката ја донесе денеска Судечкиот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје. Судењето беше затворено за јавност поради заштита на правата на оштетеното малолетно лице. Случајот влезе во фокусот на јавноста кога семејството на бебето објави видео снимка на која се гледа како дадилката го малтретира бебето.