Петмина мигранти се удавија во Егејско Море

Архивска фотографија.

Најмалку петмина мигранти денеска се удавија во Егејско Море во близина на брегот на Турција, откако се превртел чамецот со кој планирале да стигнат до грчките острови. Рибари од реонот на Дидим, југозападна Турција за бродската несреќа ја известиле крајбрежната стража, која успеала да спаси едно лице, пренесува БТА. Продолжува потрагата по другите 16 лица, кои според преживеаниот се наоѓале во чамецот.

Во Турција досега се сместени 2,2 милиони сириски бегалци и 300 илјади ирачки бегалци.