Иран бара инвеститори во Италија и во Франција

Иранскиот претседател Хасан Рохани и италијанскиот премиер Матео Ренци.

Иранскиот претседател Хасан Рохани пред бизнис лидерите во Рим рече дека „Иран е најбезбедната и најстабилна држава во целиот регион“. Тој е во четиридневна посета на Италија и Франција, што е прва посета на Европа на еден ирански претседател во последните речиси две децении. Рохани е во потрага по странски инвеститори, откако на 16 јануари беа укинати меѓународните санкции против Техеран како дел од договорот за ограничување на иранската нуклеарна програма. Аналитичарите велат дека Иран се обидува повторно да ги изгради енергетските и други економски врски со Европа. Рохани на твитер денеска напиша дека италијанскиот премиер Матео Ренци ќе го посети Иран во наредните месеци за зајакнување на економските врски.