Шефовите на полициите на Македонија и на Словенија во Гевгелија

Директорите на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и на словенечката полиција Марјан Фанк денеска го посетија словенечкиот контингент на полициски службеници во прифатниот Центар Винојуг во Гевгелија. Како што соопшти денеска МВР, Савовски и Фанк се информирале за соработката помеѓу македонските и словенечките колеги, тековната состојба на границата и протокот на мигранти. Инаку, освен словенечки полицајци, во моментот на границата има и 31 полицаец од Унгарија.