Затворени Меџитлија и Богородица поради штрајк на грчките земјоделци

Архивска фотографија.

Сообраќајот на граничните премини Богородица и Меџитлија денеска ќе биде во целосен прекин поради штрајк на грчките земјоделци кои ќе постават механизација во близина на границата.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот ќе биде во прекин од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.