Мировните преговори за Сирија, на 29 јануари

Стафан де Мистура

Пратеникот на Обединетите нации за Сирија Стафан де Мистура изјави дека мировните преговори за Сирија што требаше да почнат вчера се презакажани за 29 јануари. Преговорите во Женева беа одложени поради несогласувањата со Русија и Иран кои ја поддржуваат сириската влада , околу тоа кој ќе ја преставува опозицијата. Според Мистура, првата рунда на преговори би траела две до три недели, целиот процес околу шест месеци.