Нова средба на Работната група за медиумите и избирачкиот список

Во Клубот на пратениците се одржува средба на Работната група на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со посредникот Питер Ванхауте.

Пред средбата, Ванхауте изјави дека има предлози за медиумите и за прочистување на Избирачкиот список од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на претходни предлози на СДСМ. Ванхауте не ги коментираше предлозите и рече дека допрва треба да се разгледаат, бидејќи сè уште ги нема видено. На средбата учествуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и меѓународни претставници.