Путин - Нападите во Сирија ќе продолжат додека е потребно

Рускиот претседател Владимир Путин, пред студентите во Севастопол, денеска рече дека руските воздушни напади во Сирија ќе продолжат додека е потребно за поддршка на силите на претседателот Башар ал-Асад. Тој рече дека целта на Москва е да му помогне на Асад воено да ги порази „терористите“. Според Путин, Москва „нема намера да се меша во државната структура за решавање на проблемите со кои се соочува Сирија и други земји во регионот“. Единствена цел на руските сили во Сирија е да им помогне на „луѓето, да му помогне не легитимното раководство на Сирија во борбата против тероризмот и да ги ликвидира терористите на сириско тло“. Во вчерашниот воздушен напад во источна Сирија, веројатно од руски авиони, беа убиени најмалку 63 луѓе, меѓу кои и девет деца. САД и НАТО ја обвинуваат Русија дека ги напаѓа умерените сили кои се борат против режимот на Асад од 2011 година.