Рохани во посета на Италија

Иранскиот претседател Хасан Рохани и неговиот италијански колега Серџо Матарела.

Иранскиот претседател Хасан Рохани пристигна во Рим, во неговата европска турнеја, што е прво негово патување во странство по укинување на меѓународните санкции против неговата земја. Укинувањето на санкциите ја отвора вратата на Техеран за договарање зделки со компании од Европа и Азија.

Рохани е во придружба на ирански бизнисмени, како и од министерот за нафта и гас и други владини претставници. Предвидено е денеска во Рим, Рохани да се сретне со италијанскиот претседател Серџо Матарела и со премиерот Матео Ренци. Ќе се обрати и пред бизнис заедницата, а ќе се сретне и со Папата Франциск.

На 28 јануари тој ќе отпатува во Франција, каде што треба да се сретне со претседателот Франсоа Оланд.

Иран и светските сили летоска се договорија Техеран да ја ограничи нуклеарната програма во замена за укинување на меѓународните санкции.