Еден бегалец убиен при тепачка на грчко-македонската граница

Еден бегалец е убиен, а двајца други се повредени денеска при тепачка меѓу имигранти на грчката страна од границата кон Македонија, објави електронското издание на атинскиот весник „Катимерини“. Според весникот, тепачката, која се случила рано изутринава, започнала меѓу група имигранти кои чекале на границата за влез во Македонија. Причините за тепачката не се познати.