Сомнителниот куфер во Косовска Митровица бил празен

Илустрација.

Улицата во населбата Бошњачка махала во северниот дел на Косовска Митровица околу 11 часот беше повторно отворена за сообраќај, откако е утврдено дека оставениот куфер бил празен, по што од безбедносни причини е уништен. Полицијата изутрината блокираше дел од улицата поради сомневањата дека во оставениот куфер се наоѓа експлозив.

Регионалниот шеф на оперативната Косовска полиција, Жељко Бојиќ изјави за Танјуг дека куферот бил празен, но по проверката на содржината, која ја спровеле специјализираните сили од безбедносни причини, уништен е на лице место.