Од Гевгелија кој Табановце транспортирани 1.522 мигранти

Според информацијата од регионалниот ЦУК Гевгелија, изминатите 24 часа од Прифатниот центар Гевгелија кон Табановце со воз биле транспортирани 1.522 мигранти, од кои најмногубројни биле Сиријците, потоа Авганистанците, а најмалубројни државјаните на Ирак. Вкупниот број мигранти кои влегле изминатото деноноќие во прифатниот камп во Гевгелија изнесува околу 2.100, од кои речиси половината или 955 биле малолетни лица. Во моментот во кампот се наоѓаат околу 600 мигранти кои наскоро со воз ќе се упатат кон Табановце, а според најавите од МВР на грчка страна има околу 1.500 мигранти.